Утрински Весник
Спорт

Иран обвини поранешен играч на Баерн за протестите во земјата

Иран обвини поранешен играч на Баерн за протестите во земјата
Ss2

Иранските власти го обвинија најдобриот азиски фудбалер во 2004 година, Али Карими (43), за поттикнување протести по смртта на Махса Амини, дознаваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Али Карими, еден од главните водачи на неодамнешните немири во земјата, правосудните органи го гонат како непријател на државата за поттикнување протести “, објави во вторникот новинската агенција „Мехр“.

Ss1

Иран е место на протести откако на 16 септември почина 22-годишна Иранка откако беше уапсена во Техеран од полицијата, која ја обвини за кршење на кодексот за облекување на Исламската Република за жените. Десетици луѓе, главно демонстранти, но и припадници на безбедносните сили, се убиени од 16 септември за време на митинзи кои властите ги опишаа како немири, а стотици други се уапсени.

Поранешниот ирански фудбалер и поранешен играч од средниот ред на Баерн Минхен веќе неколку месеци живее во Обединетите Арапски Емирати. По смртта на Махса Амини, тој на социјалните мрежи гi поддржа протестантите и ја осуди смртта на младата жена.

Во средата ултраконзервативниот весник „Кајхан“ го обвини дека „режира немири“ и „долева масло на огнот“ и на тој начин доведе до „убиства на многу млади луѓе“ во земјата.

Карими, наречен Магионичар, е трет најуспешен играч и петти најдобар стрелец на иранската репрезентација. Тој беше избран за играч на годината во Азија во 2004 година. Две сезони играшe, 2005-2007, за гигантот Баерн Минхен.

Неколку познати ирански спортисти, актери и филмаџии отворено ги поддржаа демонстрантите барајќи од властите да ги слушнат барањата на Иранците.

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ