Утрински Весник
Македонија

Кај Мавровка се поставуваат нови камери, ќе го снимаат секој прекршок

132.jpg

Денеска камерата на ТВ21 сними поставување на нови камери.

Се работи за раскрсницата кај ТЦ Мавровка, каде секој прекршок ќе биде снимен.

На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност“, рече Спасовски минатата година пред да ја напушти функцијата министер на МВР.

Можете да прочитате

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија