Утрински Весник
Свет

Земјите од Г7 ќе разговараат за високите царини наметнати од САД кон Кина

Giancarlo Giorgetti 1130x650 1.jpg

Групата од седумте најголеми светски економии, Г7, која ќе се состане во Италија следната недела, ќе разговара за ризикот од фрагментација на глобалната трговија по високите царини наметнати од САД на Кина, најави италијанскиот министер за економија Џанкарло Џирогети.

Друга точка на дневниот ред на состанокот на министрите за финансии на Г7, што ќе се одржи на 24 и 25 мај во северниот италијански град Стреса, ќе биде како да се искористат замрзнатите средства запленети од Русија по почетокот на војната во Украина, кажа Џирогети

„Американскиот предлог средствата да се искористат за директно финансирање на војната во Украина ќе има исклучително сериозни правни импликации кои допрва треба да се разјаснат“, рече Џирогети.

„Во Стреса ќе разговараме за фрагментацијата на глобалната трговија со најновите потези на американската влада, која ги покажа своите карти со многу строги мерки против Кина. На светот каков што го знаевме му се ближи крајот“, рече Џирогети, додавајќи дека трговската војна е во тек која ги одразува геополитичките тензии и дека Европа допрва треба да ја одреди својата улога во сценариото.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави нагло зголемување на тарифите за низа кинески увозни производи, вклучително и електрични возила, батерии за електрични возила (EV), компјутерски чипови и медицински производи, во изборната година чија цел е да ги придобие гласачите кои ги омаловажуваат неговите економски мерки.

Можете да прочитате

Гугл поставува кабел со оптички влакна од Африка до Австралија

Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата

Борел: По пресудата на судот во Хаг, ЕУ мора да избере дали ќе ги поддржи меѓународните институции или Израел