Утрински Весник
Македонија

Извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, пронајдени и одземени ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства

Kazneno Popravniot Dom Prilep.jpg

Денеска (21.07.2022) полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп. Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи. При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Маја Кадиевска Војновиќ влегува во Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Коцевски повика да пријави, Ѓорѓиевски веќе во контакт со Финансиска полиција

Голема акција во Скопје: Полицијата заплени марихуана, вага и илјадници евра!