Утрински Весник
Македонија

Изречени санции поради прекршени законски регулативи

Policija.webp.webp

Денеска (16.08.2024) околу 15.30 часот од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од И. К. од Крива Паланка.

При извршена контрола на возилото, утврдено е дека возачот не поседува картичка за уред во запишување во патниот сообраќај, а тахографот на возилото е небаждарен со што возачот и правното лице сториле прекршоци по член 60 став 1.8 и член 57 ст.1.12 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен државниот инспекторат за транспорт од чија страна се изречени глоби во износ од 4000 евра.

Можете да прочитате

Зајкова: Со измените на Кривичниот законик се брише одговорноста на функционерите

Патот Скопје – Македонски брод преку Јасен ќе биде затворен, магла на неколку превои

Длабока Џеновска циклонска активност носи чести и обилни врнежи