Утрински Весник
Свет

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Preminot Rafa.webp.webp

Израел планира да започне неколку мали воени операции во градот Рафа во јужниот дел на Газа, изјави неименуван египетски воен функционер за либанскиот весник Ал Акбар.

Тој рече дека Израел планира да го избегне незадоволството на Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница кога станува збор за инвазијата на Рафа, пренесува Тајмс оф Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предупреди дека ќе престане да го снабдува Израел со оружје доколку израелската армија изврши голема инвазија на Рафа.

Како одговор на американското предупредување, Нетанјаху вчера рече дека Израел „ќе стои сам ако треба“, а денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“.

Израел оваа недела започна операција во источните делови на Рафа, а Тел Авив соопшти дека станува збор за „ограничена операција“.

Повеќе од еден милион Палестинци најдоа засолниште во Рафа од конфликтот во другите делови на Појасот Газа.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена