Утрински Весник
Магазин

Светски ден на физичката активност

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Промовирање на физичката активност и нејзината улога во одржување добра здравствена состојба, е целта на Светскиот ден на физичката активност што се одбележува денеска.

Апели за редовна физичка активност по тој повод упати Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) укажувајќи на придобивките.

– Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност. Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента – на пример, аеробни вежби, или каде што има поголема употреба на психолошки принципи. Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката, или да спречи повторување на болка. На пример, рутинската физичка активност може да го подобри составот на телото, преку намалени маснотии во пределот на стомакот и поголема контрола врз телесната тежина, појаснуваат од ИЈЗ.

Како што нагласуваат од Институтот, активниот начин на живот ги зголемува силата, флексибилноста и аеробната кондиција, учествува во намалување на системското воспаление – на пример намалување на циркулирачките воспалителни медијатори како што е Ц-реактивниот протеин.

-Може да ги подобри психолошката благосостојба – преку намалување на стрес, анксиозност и на депресија, како и квалитетот на сонот. Исто така, може да ја подобри самоефикасноста, по пат на управување на болката и зголемување на способноста за движење, додаваат од ИЈЗ.

Но, постојат и митови околу физичката активност и болката.

-Вообичаено, луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето што побрзо да се вратат на физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата и така натаму, имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето – па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид физичка активност е корисно, но, таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка, истакнуваат од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека кампањата „Во движење“ (On the move), на Европската федерација за болка, има широка примена и е преведена на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната физичка активност.

Светскиот ден на физичката активнсот првпат е одбележан во 2002 година од Светската здравствена организација (СЗО), со цел да се подигне свеста за придобивките од физичката активност за севкупното здравје и да се охрабрат луѓето да усвојат поактивен начин на живот.

Можете да прочитате

,,Кирилица” на Влатко Стефановски во ново издание на Јовица Михајловски

Овие знаци никогаш не ги прекршуваат правилата

Хемингвеј: Попаметните луѓе се воопшто понесреќни во животот