Утрински Весник
Економија

Израел ја обвинува ИАЕА за капитулација пред Иран

Израел ја обвинува ИАЕА за капитулација пред Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) за неефективна контрола на иранските нуклеарни активности и посочи дека надзорното тело на ОН ризикува да стане политизирано и ирелевантно, пренесува „Ал Арабија“.

dobivaj vesti na viber

Необичната критика уследи по извештајот на ИАЕА минатата недела во кој се посочува дека Иран дал задоволителен одговор во еден случај на сомнителни честички на ураниум и дека повторно инсталирал одредена опрема за мониторинг првично поставена според сега нефункционалниот нуклеарен договор од 2015 година.

Израел ги удвои заканите дека ќе изврши превентивни воени напади врз Иран ако меѓународната дипломатија не успее и ако Техеран дополнитело рафинира ураниум – нешто што негира дека сака или планира – со оглед на фактот дека веќе има збогатено доволно ураниум до 60% фисилна чистота за две нуклеарни бомби.

„Иран продолжува да ја лаже Меѓународната агенција за атомска енергија. Капитулацијата на агенцијата пред иранскиот притисок е црна дамка на нејзината репутација. Ако ИАЕА стане политичка организација, тогаш нејзината надзорна активност во Иран е без значење, како што ќе бидат и нејзините извештаи за нуклеарната активност на Иран “, вели Нетанјаху.

ИАЕА не ги коментираше изјавите на израелскиот премиер.

Агенцијата објави во средата дека по години истрага и недостаток од напредок, Иран дал задоволително објаснување за една од трите локации на кои биле откриени честички ураниум.

„Тие честички може да се објаснат со присуството на мина и лабораторија од времето на Советскиот Сојуз таму, а ИАЕА нема дополнителни прашања,“ рече висок дипломат во Виена.

Тој сепак додаде дека останува оценката на ИАЕА оти Иран пред неколку децении таму тестирал експлозиви што биле релевантни за нуклеарно оружје.

Алудирајќи на оваа изјава, Нетанјаху рече: „Иранските изговори… во врска со пронаоѓањето нуклеарен материјал на забранети локации не само што се неверодостојни, туку се и технички невозможни“.

 

Можете да прочитате

Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем

Средба на Ангеловска-Бежоска со заменик генералниот директор на ММФ, Ли: Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард