Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Се беше нормално, а потоа Бензема ни кажа дека заминува

Анчелоти: Се беше нормално, а потоа Бензема ни кажа дека заминува
Ss2

Карим Бензема (35) го напушти Реал. Тој како 21, годишник во Мадрид пристигна во 2009 година од Лион за отштета од 35 милиони евра. За 14 сезони во Реал, тој освои рекордни 25 трофеи со клубот (колку што има и Марсело), вклучувајќи пет Лиги на шампиони и Светски клупски првенства…

dobivaj vesti na viber

Се уште не е официјално потврдено каде францускиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата по завршувањето на договорот со Реал, но сигурно е дека тоа ќе биде Итихад, кој му понуди 400 милиони евра за две сезони.

300x250 (7)

„Кој би одбил 400 милиони евра“, наводно им кажал Бензема на соиграчите. Бензема во Реал имаше годишна бруто плата од 24 милиони евра.

Бензема постигна гол на неговиот последен натпревар во белиот дрес. Постигна гол од пенал во 72.минута против Атлетик Билбао, а веднаш потоа се пресели на клупата. Навивачите со овации го испратија од терено.

По натпреварот тренерот Карло Анчелоти ја коментираше одлуката на Бензема да си замине. „

Изненаден сум… Тоа беше во последен момент. Вчера тренираше нормално и утрово ни кажа. Не можеме да бидеме среќни, но мора да ја почитуваме неговата одлука. Неговата одлука е дел од личен процес. Постигна неверојатни и незаборавни работи во Реал“, изјави Анчелоти и порача дека ќе остане тренер.

Ss1

Можете да прочитате

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та