Утрински Весник
Скопје

Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм

Bulevar Srbi A.webp.webp

Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен на булеварот „Србија“ вечер од 18 часот до утре во 5 часот, поради снимање на сцени за играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, информираат од продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“. 

– Една од сцените е предвидено да се снима на потегот помеѓу булеварите „Трета Македонска Бригада“ и „Србија“. За потребите на снимањето денеска, од 18 часот до 5 часот утре (четврток), ќе има измена на сообраќаен режим на булевар „Србија“. Тоа значи дека ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“, соопштуваат од продуцентската куќа.

На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.

Од „Ново Македонско Видео“ јавуваат дека за време на снимањето е обезбедена полициска асистенција од СВР Скопје. 

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост

За граѓаните до 22 часот, за кафеаните до 1 по полноќ – нови правила за фрлање ѓубре во Скопје

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“