Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер

Vreme 4.webp.webp

Времето претпладне ќе биде топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер  од над 60 километри на час и град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени, а УВ индекс 7.

Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според УХМР,  променливото облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе се задржи до петок. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Татко и син загинаа во сообраќајка близу скопскиот Аеродром

Кривична пријава против 27 лица за лажните возачки дозволи

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти