Утрински Весник
Свет

Излезните анкети прогнозираат победа на Мицотакис на изборите во Грција

Излезните анкети прогнозираат победа на Мицотакис на изборите во Грција

Конзервативците имаат убедливо водство на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат излезните анкети на шест агенции за испитување на јавното мислење.

dobivaj vesti na viber

Според нивните проценки, Нова демократија на поранешниот премиер Киријакос Мицотакис ќе победи со поддршка од 40 до 44 отсто од гласовите, што според проекциите би можело да и донесе 158 парламентарни места, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека Сириза на Алексис Ципрас ќе добие меѓу 16,1 и 19,1 отсто од гласовите (45 пратенички места), додека ПАСОК ќе освои меѓу 10 и 13 отсто (29) од поддршката на грчките граѓани.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона