Утрински Весник
Економија

Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка се реализира со силна динамика

Image 2026 04 29 110744617.png

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата.  

” Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности” – објави Ивановски. 


Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на Изведувач исто така за делницата Крива Паланка-до границата со Бугарија. 

Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот.    

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој