Утрински Весник
Македонија

Муцунски го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Пармелан

20260429104815 big 730x400 5.webp.webp

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

-Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова – напиша министерот Муцунски на Фејсбук.


Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.

По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. 

Ги Пармелан ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Можете да прочитате

Лашкоска: Заедно градиме регион без отпад – со силни партнерства до одржлив и функционален систем

Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател Пармелан со највисоки државни почести

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување