Утрински Весник
Спорт

Италија ја изненади Црна Гора, Шола си поднесе оставка

Vlado Sola 13 5.jpg

Црна Гора е изненадена од Италија во бараж двомечот за пласман на Светското ракометно првенство 2025. Иако важеше за фаворит, ги загуби двата натпревари (32:26 и 32:34) по што селектрот на Црногорците, Владо Шола ја презеде одговорност и поднесе оставка. -Им честитам на играчите и преземам одговорност за се… Се што беше лошо е моја вина. Веднаш поднесувам оставка, извинете ако го разочарав ракометниот свет во Црна Гора. Имавме добар период на Европското првенство. Благодарам на играчите за соработката, на сите им посакувам се најдобро и никогаш нема да кажам ниту еден лош збор за некој со кој сум работел во Црна Гора. Ако се случи спротивното, веројатно имаат причина зошто тоа го направиле -рече Шола и додаде: -Не сакам да кажам дека некој намерно направил нешто или не сакал. Бевме надиграни, ја немавме потребната енергија и самодоверба. Италија едноставно не надигра на двата меча – беа подобри и во одбраната и во нападот. Немавме одговор, лошо го отворивме мечот, но… Нема да зборувам за причините, бидејќи изгледа како да барам оправдувања, а тоа не го сакам, велам – бевме надиграни, посочи хрватскиот стручњак за заминувањето од клупата кај Црна Гора.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл