Утрински Весник
Магазин

Истражување – кои се најлошите возачи во Европа

Images 3.jpg

Веројатно сте биле во странска земја, сте изнајмиле автомобил и сте отишле да истражувате. Па, претпоставуваме дека тоа ви предизвика одреден стрес, бидејќи возењето во секоја земја е различно, има некои различни правила, и најлошо од сè, се разбира – сосема нова култура на возење.

Но, дали некогаш сте се запрашале која земја има најлоши возачи? Анкетата нарачана од најголемиот француски концесионер за автопати, Vinci Autoroutes, даде одговор на тоа прашање.

Во текот на истражувањето биле испрашани 12.400 Европејци од 11 земји, кои одговориле како го доживуваат нивното возење, возењето на нивните сонародници и возењето на другите жители на стариот континент.

Резултатите од истражувањето во најмала рака се загрижувачки. Од сите испитаници, дури 79 отсто имале негативен однос кон колегите возачи. Во Велика Британија четвртина од испитаниците изјавиле дека зад воланот се сосема различни луѓе, но ставот на Грците за возачите од други земји е сосема неверојатен.

Дури 91 процент од нив изразиле негативен став, но истовремено се критички настроени и кон своите сонародници, па Грција забележала најлоши резултати во истражувањето.

Пцуење, трубње, зборување на мобилен додека возите, па дури и излегување од автомобил во желба да се пресметаат – сето тоа се работи кои според Грците секојдневно ги прават нивните сонародници.

Сепак, не е сè така црно – Шпанците и Британците се најмалку критични кон туѓото возење во нивните земји, додека Германците се љубезни кон своите сонародници и веруваат дека многу малку од нив се агресивни или неодговорни.

Можете да прочитате

Две минути тишина повеќе го опушта телото отколку слушањето музика

Еве зошто не треба да чувате зачини во стаклени садови

Совет од нутриционистите: Ова лето јадете повеќе дињи