Утрински Весник
Македонија

Исплатени 283,4 милиони денари субвенции кон 9.623 сточари

D0bdd0b0d183d187d0bdd0b8d186d0b8 D182d180d0b5d0bdd0b8d180d0b0d0b0d182 D0bad180d0b0d0b2d0b8 D0b4d0b0 D0bed0b4d0b0d182 D0b2d0be D182d0be 63d6dc4b6f8bb.jpeg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.

Како корисници на субвенциите за обележани женски грла говеда се јавуваат земјоделските стопанства што имаат пријавено женски грла, кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 76 милиони денари до 6.342 корисници.

Кон 2.194 огледувачи на овци се исплатени 191,9 милиони денари финансиска поддршка за земјоделските стопанства, кои имаат пријавено минимум 30 грла овци постари од 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

Кај огледувачите на кози е исплатена финансиска поддршка од 15,4 милиони денари со која се опфаќаат 1.087 корисници. Основ за добивање на оваа финансиска поддршка се пријавени минимум 10 грла кози кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

До почетокот на месец март сточарите ќе ги добијат и дополнителните 70% од основните субенции, кои се однесуваат на предадено  производство во регистрирани преработувачки капацитети, млекарница или кланица. АФПЗРР веќе активно работи во подготовка на податоците за исплата на дополнителните 70% од субвецниите за сточарите.

Дополнително сточарите, кон крајот на 2024 година како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30% за субвенции за оваа тековна 2024 година.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница