Утрински Весник
Спорт

Паспаљ имаше нова интервенција поради проблеми со срцето

Кошаркарската легенда Жарко Паспаљ освојувач на бројни медали со репрезентацијата на Југославија, бил опериран во Белград. Познатиот кардиолог во Белград, Милојко Ристиќ за интервенцијата над Паспаљ вели дека била неопходна, бидејќи имал нарушен ритам во работата на срцетo. Тоа не е ретка појава, посебно кај луѓето кои и порано имале слични проблеми како Паспаљ. Нарушениот ритам на работа на срцето влијае на повеќе центри во организмот и кога некои погрешно ќе се активираат доаѓа до аритмија и нарушување на здравствената состојба која е непријатна. Аритмијата може да се контролира со лекови, но кога е неопходно мора да се изврши авлација, изјави докторот Ристиќ за здравствената состојба на Паспаљ. Информацијата покрај српските медиуми ја пренесуваат и грчките медиуми каде поранешниот ас на Партизан, но и на грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос, Паспаљ требаше да биде гостин на годишна церемонија. Не се појави на овој собир бидејќи во саботата беше примен на Белградска клиника, каде вчера му е извршена и хирушка интервенција. Паспаљ, како што се наведува, превентивно останува извесно време на интензивна нега и е надвор од животна опасност. Светскиот шампион со репрезентацијата на Југославија во 1990 година и трикратниот европски шампион во 1989, 1991 и 1995 година, доживеа два сериозни срцеви удари во 2001 година. Во ноември 2017 година доживеа и мозочен удар.

Можете да прочитате

Роналдо за непристоен потег два меч се сели на трибините

Роденденска победа со историски трипл -дабл за Дончиќ

Исланѓанецот Сигурдсон нов тренер на хрватските ракометари