Утрински Весник
Магазин

Бијонсе го сруши рекордот за најмногу освоени „Греми“

Бијонсе го сруши рекордот за најмногу освоени „Греми“
Ss2

Бијонсе го собори рекордот за најмногу освоени „Греми“ награди на сите времиња – 32 – откако се закити со четири на синоќешното доделување.

dobivaj vesti na viber

Сепак, поп-ѕвездата повторно загуби во престижната категорија Албум на годината од британскиот пејач Хари Стајлс.

Ss1

Бијонсе освои четири „Греми“, вклучувајќи и за најдобар денс-електронски албум, (Renaissance) со што бројот се искачи на 32. Рекордот со 31 трофеј претходно го држеше починатиот диригент на класична музика Георг Солти.

И покрај нејзиниот успех низ годините, 41-годишната Бијонсе никогаш не ја освоила наградата за најдобар албум. Хари Стајлс се закити со оваа престижна награда за албумот Harry’s Housе.

„Бев многу инспириран од секој уметник во оваа категорија“, рече изненадениот Стајлс при примањето на наградата. About Damn Time на Лизо е прогласен за албум на годината, а песна на годината е Just Like That од Бони Рајт.

Џез-пејачката Самара Џој е прогласена за најдобар нов уметник. Раперот Бед Бани  се закити со наградата најдобар урбан музички албум за Un Verano Sin Ti. За најдобар рап албум е прогласен Mr. Morale & the Big Steppers од Кендрик Ламар.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината