Утрински Весник
Спорт

Иско барал повеќе пари, ништо од трансферот во Унион Берлин

Иско барал повеќе пари, ништо од трансферот во Унион Берлин
Img 5587

Бундеслигашот Унион Берлин потврди дека се случил колапс во обидот да се донесе играчот од средниот ред на Севлја, Иско, и покрај тоа што Шпанецот ги поминал медицинските тестови со клубот поради „дополнителните“ барања на фудбалерот.

dobivaj vesti na viber

30-годишниот ексфудбалер на Реал Мадрид според клубот барал поинакви услови од првичното договорени, по што Германците едноставно кренале раце.

Ss1

„Навистина сакавме да го видиме Иско во нашиот клуб, но имаме наши граници. Тие беа преминати денеска во спротивност со претходно договореното и затоа трансферот нема да се случи“, вели тренерот на Унион, Оливер Рунерт.

„Колапсот“ значи дека Иско ќе остане без клуб откако го раскина договорот со Севилја по конфликтот со Мончи, само четири месеци откако пристигна од Реал Мадрид. Како слободен агент тој може да продолжи да преговара и по крајот на преодниот рок.

Ss1

Можете да прочитате

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот