Екстремистичката група Исламска држава (ИСИЛ) најави нови напади врз Евреите и христијаните ширум светот за време на светиот месец Рамазан.
Таа, исто така, ги повика следбениците да го нападнат кампот ал Хол во Сирија и да ги ослободат заробениците на терористичката група кои се таму.
Во 40-минутната аудио снимка објавена од медиум поврзан со екстремистичката група Ал Фуркан, портпаролот на ИСИЛ Абу Худајфа ал-Ансари ги повика следбениците да извршат напади врз христијаните и Евреите ширум светот за време на Рамазан, особено во Европа, САД и Израел.
Во својот говор, тој ја одбележа 10-годишнината од прогласувањето на калифатот и, во светло на ова, ги повика следбениците во Сирија да го нападнат кампот ал Хол и да ги ослободат затворениците на оваа екстремистичка група. Кампот во Сирија е под контрола на курдски групи и во него се сместени неколку илјади луѓе, меѓу кои и роднини на членови на ИСИЛ и бројни странци.
Ал Ансари, исто така, го пофали неодамнешниот напад во концертна сала во предградијата на Москва, во кој загинаа најмалку 143 лица, а 360 беа ранети.
ИСИЛ, против која Москва се бори во Сирија и групата е активна и на рускиот Кавказ, извршува напади во Русија од крајот на 2010 година. Во јануари, исто така, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во јужен Иран во кој загинаа две лица и повеќе од 80 лице.
Додека ИСИЛ и понатаму е поразена во нејзините главни упоришта на Блискиот Исток, таа постигна значителен напредок во Африка и делови од Јужна Азија, заземајќи голем број територии и ресурси кои би можеле да послужат како лансирна рампа за нова кампања на екстремистичко насилство. Многу европски влади веќе преминаа на највисоко ниво на подготвеност во последниве години.