Утрински Весник
Свет

Исчезнатата 12-годишна тинејџерка пронајдена мртва, сомнежите се дека била жртва на убиство

Исчезнатата 12-годишна тинејџерка пронајдена мртва,  сомнежите се дека била жртва на убиство
Dik 300x250 mk

Германската полиција во шумата кај Фројденберг го пронашла телото на исчезнатото дванаесетгодишно девојче Луиз Ф., за кое се вели дека е жртва на кривично дело.

dobivaj vesti na viber

Нејзиното тело беше пронајдено во неделата во шумата недалеку од тунелот на поранешната железничка станица Вилденберг во покраината Рајнланд-Фалц, во близина на границата со Северна Рајна-Вестфалија.

„Досегашните истраги го потврдуваат сомнежот дека девојката е жртва на убиство“, изјави портпаролот на обвинителството.

Нема индиции дека се работи за сексуален прекршок, додаде тој.

Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта, пренесува „Билд“.

Девојчето исчезнало во саботата попладне додека одела кон нејзината куќа. Според полицијата, девојката се движела низ шумата. Таа не дошла дома. Последен пат била видена во 17.30 часот во Kleintirolstrasse во Хоенхајн.

„Ние во Фројтенберг сме длабоко потресени и нашите мисли се со семејството. Наредив знамињата да се спуштат на половина копје“, изјави градоначалничката Никол Решке.

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство