Утрински Весник
Спорт

Почина Дирк Форсбери, човекот кој направи револуција во скокот во височина

Почина Дирк Форсбери, човекот кој направи револуција во скокот во височина
300x250 (7)

Поранешниот олимписки шампион, Американецот Дирк Форсбери, кој направи револуција во скокот во височина со техниката позната како „Форсбери флоп“, почина на 76 години.

dobivaj vesti na viber

„Со тешко срце морам да ја објавам веста дека мојот долгогодишен пријател и клиент, Дирк Форсбери почина мирно во сон во неделата наутро по краткотрајна битка со лимфома“, објави неговиот поранешен агент, Реј Шулте.

Ss1

Форбери стана славен во 1968 година, кога на Олимписките игри во Мексико Сити, триумфираше во финале кое траеше повеќе од четири часа. Неговата техника, испробана на колеџ натпреварите во Орегон, вклучуваше скок наназад и виткање на грбот, нешто што дотогаш не беше видено. Во период од пет години тој стана од анонимен атлетичар во Орегон до светска ѕвезда.

Тој не настапи на друга Олимпијада, но неговата техника доминира во спортот и во денешницата.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!