Утрински Весник
Свет

Зеленски: Путин знае дека нема да биде жив ако има руски нуклеарен напад

Зеленски: Путин знае дека нема да биде жив ако има руски нуклеарен напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „тешко да се каже“ дали ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е зголемен по последните успеси на украинската војска, но дека останува убеден дека рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее ваква ескалација на непријателства.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видео врска рече дека на Русите им е „тешко да контролираат се што се случува во нивната земја, исто како што не контролираат сè што имаат на бојното поле“.

Зеленски, исто така, рече дека Путин разбира дека „светот никогаш нема да го прости“ рускиот нуклеарен напад.

„Тој разбира дека по употребата на нуклеарно оружје, повеќе нема да може да си го спасува животот, убеден сум во тоа“ – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска