
Иранските официјални лица денес побараа гаранции од САД за отстранување на рестрикциите кои го гушат стопанството на државата, како одговор на сугестијата на САД за потенцијален нуклеарен договор.
“Сакаме гаранции дека санкциите навистина ќе бидат укинати,” рече гласноговорникот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.
Франција, Велика Британија и Германија, заедно со Кина, Русија и САД, се потписници на нуклеарниот договор склучен со Иран во 2015 година.
Спогодбата, која подразбира отстранување на санкциите кон Техеран во замена за ограничување на неговите нуклеарни дејствија, фактички стана неактуелна откако САД се повлекоа од овој договор во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.
Американскиот претседател, кој посакува нов договор со Иран, ја повика државата на преговори во март, но се закани дека ќе ја бомбардира доколку дипломатијата не успее.
Двете држави, кои се противници веќе четири децении, на 12 април со посредство на Оман започнаа разговори за ирансклата нуклеарна програма.