Утрински Весник
Свет

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател, оптимистички настроен, се надева дека е можно да се постигне договор со Иран. Трамп изјави дека САД разговарале и со Израел за можен договор, кој би вклучувал и гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје.

Говорејќи пред полетувањето на претседателскиот авион од Florida кон Memphis, Трамп рече дека Израел би бил задоволен доколку се постигне договор и оцени дека тоа би значело долгорочен мир во регионот.


„Мислам дека Израел ќе биде многу задоволен. Тоа ќе биде мир за Израел, долгорочен и гарантиран. Не можам да гарантирам дека ќе се случи, но мислам дека ќе се случи“, изјави Трамп.

Тој додаде дека доколку се постигне договор со Иран, САД би можеле директно да го преземат збогатениот ураниум.

„Ако имаме договор, ќе одиме таму и сами ќе го земеме“, рече Трамп

Можете да прочитате

Шведскиот парламент ги изгласа контроверзните закони за „добро владеење“ и „задолжително пријавување“

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив