Утрински Весник
Свет

ЕУ повикува на воздржаност на Блискиот Исток

Eu 1.webp.webp

Европските лидери повикаа на смиреност на блискиот исток на самитот во Брисел.

„Ќе се залагаме за деескалација и враќање на стабилноста на Блискиот Исток“, рече францускиот претседател Емануел Макрон, по пристигнувањето на состанокот денеска.


„Борбите треба да престанат, барем за неколку дена, за да се обидеме да им дадеме шанса на преговорите“, рече Макрон, кој претходно повика на прекин на нападите врз нафтените и гасните објекти на Блискиот Исток.

По израелскиот напад врз иранското гасно поле Јужен Парс, Иран нападна повеќе енергетски објекти во регионот, вклучувајќи ги и клучните гасни објекти на Катар.

Реагирајќи на одмаздничките напади, Трамп се закани дека „масовно ќе го дигне во воздух целиот“ Јужен Парс, најголемото гасно поле во светот, кое Иран го дели со Катар, доколку Техеран повторно го нападне Катар.

„Ни треба излез од оваа војна, а не ескалација“, повика високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас.

Земјите од ЕУ се соочуваат со зголемени цени на енергијата

Новите напади врз енергетските објекти ги зголемија цените на горивата, продолжувајќи го порастот предизвикан од воздушните напади на САД и Израел врз Иран пред речиси три недели.

Можете да прочитате

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз

Волстрит журнал: Канада сака да стане придружна членка на Европската Унија

Трамп: Зеленски предизвикува недостиг на дизел, тоа мора да престане