Утрински Весник
Македонија

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка

Popova Sapka.jpg

Најсудено утрово е на Попова Шапка каде е измерена температура од -9 степени Целзиусови по што следи  Kрушево со – 4, -3 степени се измерени во Берово и Mаврови Анови, -2 во Битола, -1 во Охрид и Претор, 0 во Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Крива Паланка и Прилеп, 2 во Штип и Виница, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 4 во Демир Капија, 5 во Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 6 степни Целзиусови. Највисока снежна покривка од 59 сантиметри утрово има на Попова Шапка.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста. Попладне ќе е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени Целзиусови.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Можете да прочитате

Зел 7.500 па побарал уште 10.000 евра мито, се бара притвор за помошник директорот во Царина

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност 

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството