Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај Башановиќ

Manasievski 23.03.2026.jpg

Прес-конференција на Валентин Мансиевски од ВМРО-ДПМНЕ:

СДС да одговори, дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ?


Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него.

Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.

Освен овие еден и пол милион евра, да потсетиме дека имаме сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Исто така, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражија.

Од СДС треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде „истеран“ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија?

Ете кој го води СДС, и ете кој го води нивниот ПР тим. Луѓе кои се синоним за криминал и корупција се секогаш во врвот на СДС.

Во СДС се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, на следните избори СДС ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови.

Можете да прочитате

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег” во реформите за забрзана ЕУ интеграција

Tешко повредена тинејџерка, падна во отвор за лифт во зграда во изградба

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација