Утрински Весник
Македонија

Институциите итно го разјаснат случајот со отстранувањето на спомен плочата од НОВ во центарот на Охрид

Download 1 2.jpg

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со фејсбук објава реагираше на отстранувањето на спомен плочата во центарот на Охрид посветена на настан од Народноослободителната војна (НОВ). Спомен обележејето се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот, каде за време на Втората светска војна бил сместен окупаторскиот фашистички суд во Охрид кој во 1941 година на смрт и тешка робија ги осудил Лазар Колишевски, Петре Пирузе, Андон Дуков, Кирил Главинчев и Јаким Спироски, за организирање востание. -Ги повикувам надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи и општина Охрид, како надлежна за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, да постапат во рамки на своите законски надлежности и да ги разјаснат околностите, како и по чија вина е отстранета спомен плочата. Секој треба да биде одговорен, согласно законските обврски, и да придонесе кон почитување на историјата и историските настани, порачува Костадиновска Стојчевска. Министерката за култура најави дека во случајот ќе биде постапено согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја и веднаш  ќе биде испратена  инспекција на терен за да се утврди фактичката состојба и примената на законот.

Можете да прочитате

Оперативната акција „Чистач“: 5.628 лишени од слобода, 1.135 кривични пријави и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците