Утрински Весник
Спорт

Инфантино: Денеска е црн ден за фудбалот

Инфантино: Денеска е црн ден за фудбалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се приклучи на големиот број на осуди на неверојатниот инцидент во Индонезија, каде што над 120 луѓе го загубија животот во стампедо, велејќи дека се работи за „црн ден во фудбалот“.

dobivaj vesti na viber

Околу 200 други фанови се во болница по немилите случки по поразот на Арема од Персебаја Сурабаја во градот Маланг, откако полицијата фрли солзавец кон навивачите кои влегоа на теренот.

„Фудбалскиот свет е во состојба на шок по трагичниот инцидент во Индонезија. Ова е црн ден за фудбалот и трагедија која не може да се разбере. Сочувство до семејствата на жртвите, кон тие кои беа повредени, како и кон сите луѓе во Индонезија во ова тешко време“ изјави Инфантино.

Ла лига и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) потврдија дека на сите денешни мечеви ќе има минута молк за жртвите, како и повеќе премиерлигашки клубови, вклучувајќи ги Ливерпул, кои имаат искуство со слична трагедија на Хилсборо во 1989 година, кога загинаа 97 навивачи на „црвените“.

Над 120 мртви во фудбалско стампедо во Индонезија

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај