Утрински Весник
Македонија

Идентификувано телото на 22-годишникот што со автомобилот излета во Вардар

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Идентификувано е телото кое претпладнево беше пронајдено во водите на реката Вардар.

dobivaj vesti na viber

Се работи за Ердон Рамадани, 22-годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил излета од автопатот во реката Вардар, од мост кај селото Желино.

„Извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото“, информираа од СВР Тетово.

Телото претходно денес го пронајдоа тетовските полицајци, кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

Можете да прочитате

Пендаровски за Ковачки: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат?

Германскиот пратеник Бајер: Со сигурност знам дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни измени

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, на нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е