Утрински Весник
Македонија

Идниот викенд Галичка свадба, ова се годинешните зет и невеста

Stefana Dimitrova Darijan Kocoski Galicka Svadba.png

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули.

Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.

-Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата, порачуваат галичани.

Во саботата вечерта почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба.

Врвот на бајракот се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка.

Топаните потоа тргнуваат кон куќата на зетот, а тој со братот и побратимите ќе тргнат кон мостот каде ќе се сретнат. Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот.

Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода.

Наредниот ден, денот на свадбата, продолжува со низа обичаи. Денот започнува со канење на мртвите, па кумот. Следува бричење на зетот, по што се тргнува по невестата. По завршените адети во домот на невестата, следува венчавање во црква.

Можете да прочитате

Не наседнувајте: Нова опасна измама се шири на интернет

Исчезнаа уште шест Непалци кои работеле во приватна фирма

Владата одлучи да се одложи примената на Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение