Утрински Весник
Македонија

(Видео) Марковска: Ковачевски не е дел од сопствеништвото на „Пиксел Груп“

(Видео) Марковска: Ковачевски не е дел од сопствеништвото на „Пиксел Груп“

Премиерот Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура на „Пиксел Гроуп Доо Скопје“, ниту пак е сопственик, изјави пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска одговарајќи на новинарски прашања по обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека уште на 28 номеври 2020 година, Димитар Ковачевски во целост го повлекол износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.

„Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник-министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот. Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски“, изјави Марковска.

Можете да прочитате

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче

Мицкоски повикува на национално единство откако претходно се испокара со пола коалициски партнери

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија