Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Нови 42 случаи на грип во државава

Institut Za Javno Zdravje 1068x713 1.jpg

Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и осуммина на возраст над 65 години.

Заклучно со 43-тата недела пријавени се вкупно 148 случаи.

– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО. Постарите лица – над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, потенцираат од Институтот.

Закажувањето за бесплатни вакцини се одвива преку веб-страницата – вакцинација.мк. Досега вакцинирани се вкупно 34.460 лица.

Можете да прочитате

ЦО на СДСМ најави 30-ти Конгрес: Ново раководство, нови политики и засилена структура со два организациски секретари

Таравари даде рок до јануари 2025 за уставните измени

Петрит Сарачини, Жарко Трајановски, Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“