Утрински Весник
Македонија

И денеска многу топло со екстремно високи температури

Zesko vreme.jpeg

Македонија и денеска ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од околу 14 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 35 до 41 степен, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови на земјата.

Во Скопје пак, се очекува сончево време со температура до 40 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во западните предели. Во планинските региони попладне не е исклучена појава на локална облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Поради високите температури, надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат повеќе течности и да бидат особено внимателни со постарите лица, децата и хронично болните.

Според прогнозите, жешкиот бран ќе продолжи и во наредните денови, со температури кои и понатаму ќе се движат околу или над 40 степени, без позначителни врнежи

Можете да прочитате

Одреден притвор за жената која наплаќаше влезници и напаѓаше туристи на локалитетот „Куклица“

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

„Охридско лето“ денеска слави 66 години од постоењето