Утрински Весник
Спорт

Хондурас лесен залак за Аргентина – Блескаше Меси

Хондурас лесен залак за Аргентина – Блескаше Меси

Фудбалерите на Аргентина ја совладаа селекцијата на Хондурас со резултат 3:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот го одбележа Лионел Меси, кој постигна два гола, првиот од пенал, а вториот беше вистинско ремек дело.

Лаутаро Мартинез прв ја затресе мрежата на Хондурас во 16. минута на асистенција на Папу Гомез, но повторно клучното додавање го имаше Меси.

Во финишот на првото полувреме Меси погоди од пенал и ја удвои предноста на Аргентина.

Во 69. минута Меси ги собра аплаузите од трибините. Најдобриот Аргентинец со лоб удар од преку 20 метри ги постави конечните 3:0.

Сепак, еден детаљ посебно го одбележа натпреварот кој покажа колку играчите го чуваат и штитат својот капитен Меси. Деби Флорес му „фрли“ лакт на Меси, го собори тревата, како под команда сите Аргентинци на теренот тргнаа кон играчот на Хондурас за да се пресметаат со него за преостриот старт.

Меси е подготвен да ги одведе Аргентинците до светскиот трон, а неговите соиграчи повторно се подготвени да „гинат“ за него.



Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами