Утрински Весник
Спорт

„Хитлерсон“ и неговите другари добија доживотна суспензија

„Хитлерсон“ и неговите другари добија доживотна суспензија

Лацио ги осудија навивачите кои правеа фашистички поздрави на неделното дерби против Рома, и доделија доживотни суспензии за нивните мечеви на виновните, вклучувајќи го и човекот кој носеше дрес со бројот 88 и со натпис „Хитлерсон“.

dobivaj vesti na viber

„Дерби дела капитале“ секогаш било едно од најжестоките мечеви во италијанскиот шампионат, но во последните години, мечот е одбележан со изливи на фашизам од страна на навивачите на Лацио. На социјалните мрежи по неделниот меч се појавија видеа на навивачи кои отпоздравуваат со фашистичкиот поздрав, како и еден навивач кој на својот дрес напиша Хитлерсон и го имаше бројот 88 (кој се поврзува со поздравот Хајл Хитлер).

Лацио во соработка со властите ги идентификувало навивачите.

„Во текот на неделниот меч, три луѓе кои беа идентификувани како протагонисти на однесување кое нема врска со навивањето туку со форми на дискриминација и антисемитизам. Во соработка со полицијата, исто така е идентификуван и човекот кој го носеше дресот со бројот 88 и со натписот Хитлерсон. Тројцата добиваат доживотна суспензија и нема да може да ги следат натпреварите на Лацио“, се вели во објавата на клубот.

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки