Утрински Весник
Спорт

Хаотична сцена во Франција: велосипедист ќе паднеше во бездна, го спаси еден од конкурентите

Хаотична сцена во Франција: велосипедист ќе паднеше во бездна, го спаси еден од конкурентите

На втората етапа на велосипедската трка „Етоал де Бесеж“ во Франција, на 24 километри пред целта се случи несреќа. Малиот мост се покажа премногу тесен за секој што се обидуваше да го помине, што резултира со голем судир. Во ова најлошо помина Французинот Валентин Ферон (24), кој остана да виси на ѕидот од мостот од десната страна.

dobivaj vesti na viber

Ферон за малку ќе паднеше во бездна, но со помош на Аксел Лараунс успеа да се спаси.

„Беше малку напнато. Направив сè што можев за да го избегнам падот, но тоа беше неизбежно. Потоа одеднаш се најдов со рацете на ѕидот и со нозете во воздухот. Не знам ни како. За среќа, Аксел ми помогна многу да се вратам на патот и му благодарам за тоа. Моите колена само се малку удрени“, изјави Ферон.

На крајот, немаше доволно амбулантни возила за сите повредени велосипедисти, па организаторите мораа да застанат и да ја откажат етапата.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај