Утрински Весник
Свет

Хаос во Франција: Демонстрантите палат контејнери, фрлаат камења по полицијата, а тие им возвратија со солзавец

Хаос во Франција: Демонстрантите палат контејнери, фрлаат камења по полицијата, а тие им возвратија со солзавец

Групи маскирани демонстранти денеска протестираа против францускиот претседател Емануел Макрон и непопуларната пензиска реформа, палејќи корпи за отпадоци и фрлајќи камења врз полицијата во Париз, која одговори со солзавец.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Ројтерс, судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и на улиците на Рен, Бордо и Тулуз, додека во Нант биле запалени филијали на банки и автомобили.

Претходно денеска, француската влада го отфрли новото барање на синдикатите за суспендирање и преиспитување на нацрт-законот за пензија со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање за две години од 62 на 64 години, што ги налути синдикалните лидери и работниците, кои рекоа дека владата мора да најде излез од криза.

Владата најави дека е „повеќе од подготвена“ да разговара со синдикатите, но за други теми и повтори дека нема да го менува ставот за пензиската реформа.

Милиони луѓе во Франција демонстрираа и штрајкуваат од средината на јануари за да се спротивстават на законот, а протестите се интензивираа откако владата употреби специјална моќ да го протурка законот во парламентот без гласање на пратениците.

Минатата недела во Париз, членовите на анархистичкиот „Црн блок“ кршеа излози, демолираа автобуски станици и ограбија ресторан на Мекдоналдс, а според Ројтерс, атмосферата на улиците потсетувала на немирите видени на протестите на „Жолтите елеци“ за време на Првиот мандат на Макрон,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија