Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Мислите дека наша цел беа четири титули? Не

Гвардиола: Мислите дека наша цел беа четири титули? Не

Манчестер сити го заврши учеството во Лига купот на Англија. На гостувањето кај Њукасл, екипата на Пеп Гвардиола доживеа пораз 1:0. Решавачкиот гол го постигна Александар Исак во 53. минута.

dobivaj vesti na viber

Сити има уште три натпреварувања во кои може да ја освои титулата. Гвардиола по елиминацијата од Лига купот тврди дека четири титули во тековната сезона не биле ниту цел на клубот, а евентуалните титули од Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот би биле многу задоволителен резултат. .

„Мислите дека целта беше четири титули? Искрено, тоа не беше нашата цел. Ќе бидеме повеќе од задоволни со тројната круна. Нашите очекувања се големи, но не толку високи за да не се задоволиме со три титули“, изјави Гвардиола по натпреварот.

Менаџерот на Сити, против Њукасл играше со комбиниран тим. На клупата останаа Ерлинг Халанд, Рубен Диас, Кајл Вокер… Тој беше прашан дали имал намера да ги внесе во текот на натпреварот.

„Не. Мислам дека Кајл и Ерлинг веќе одиграа многу минути, а ни претстојат уште многу натпревари“.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра