Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гужва на „Табановце“- еве колку се чека за влез и излез од Македонија

Presevo Tabanovce.jpg
Img 7972

На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 мин до еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопштија од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забрана за тешки возила има од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија, а се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Можете да прочитате

Уште една смрт поврзана со случајот „Пулс“ – почина осомничен полициски службеник

Македонија ја освои престижната награда за „Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака

Бојан Маричиќ од Киев: „Консензусот во ЕУ ќе дојде, но прво треба дела“