Утрински Весник
Македонија

Траедија на патот Охрид – Кичево, возило се запалило возачот загинал

Pozar avtomobil depositphotos 30157105 l.jpg

На 02.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец” со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври