Утрински Весник
Македонија

Кумановец заглавен во тиња и кал, пожарникарите го извлекувале три часа

Cuk.png

Кумановец пропаднал во тиња и кал во близина на реката Пчиња, а утрово бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи и од ТППЕ Куманово.

Кумановските пожарникари повикот го добиле во 03: 13 часот утрово. Екипа предводена од командирот на смена, Сашо Илиевски, се упатила на местото покрај течението на рекажа Пчиња помеѓу кумановските села Студена Бара и Пчиња.

– Веднаш по добивањето на повикот од риболовец кој слушнал дека човекот е заглавен во калта и тињата се упативме на местото. Но, теренот е доста непристапен и моравме да одиме помеѓу дрвја, гранки, грмушки. Се приближвме, го видовме човекот кој речиси до глава беше во калта, тињата, успеваме да го извадиме човекот и со носила да го однесеме до екипата на Итна помош, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово кој го предводеше тимот, Сашо Илиевски.

Акцијата траеле околу три часа. Самото место било невообичаено како „жив“ песок, кал тиња, човекот колку и да се обидувал да се извлече, пропаѓал.

– Сме слушнале од риболовци за вакви места. Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат кога одат покрај вакви локации. Извлекувањето траеше долго, бидејќи самиот предел беше доста тежок за пробивање, грмушки, моравме со опрема полека да се движиме, на неколку места ја поминувавме реката. Отидовме на локацијата, риболовецот ни го покажа патот. За назад беше исто така предизвикувачки, го врзавме со јаже, го легнавме на страна, разговараме со него за да остане компатибилен, го посипувавме со вода, пиеше, на носила го извлекуваме, тимски и етапно, рече Илиевски.

Екипа на Итна помош првично интервенирала, подоцна како што информираше директорката на кумановската болница, Биљана Илиевска е прегледан на хирургија и на интерно одделение и сега е пуштен на домашно лекување.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари