Утрински Весник
Македонија

Грузија победник на осмото издание на Folk Fest Skopje 2026

Img 4297.jpeg

Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026″ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег”, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот.

По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место.

„Честитки до ансамблот од Грузија за победата и до сите учесници кои во изминатите денови ги донесоа културата и традициите на своите земји во Скопје. Folk Fest е фестивал кој обединува луѓе и различни култури на една сцена, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа традиција и во годините што следуваат,” изјави Меџити.

Како победник на овогодишното издание, Грузија ќе биде специјален гостин на следното издание на Folk Fest Skopje.

Можете да прочитате

Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, приведен криумчарот од Латвија

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија