Утрински Весник
Македонија

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави
Ss2

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес се сретна со новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Ангела Агелер, на која и посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија.

dobivaj vesti na viber

Груби и Агелер на оваа средба разговараа за потребата од уставните измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.

Img 5587

Уставните измени се оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше проценето дека земјава нема време за губење.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави.

Функционирањето на владината коалиција беше оценето како квалитативно, а Груби истакна дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговараше и за предлогот за ветинг кој треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите,како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изрази благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани