Утрински Весник
Спорт

Грција без Јанис Адетокумбо на Светското првенство

Грција без Јанис Адетокумбо на Светското првенство

Најдобриот играч на кошаркарската репрезентација на Грција, Јанис Адетокумбо, нема да игра на претстојното Светско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипините.

dobivaj vesti na viber

Двократниот МВП играч во НБА лигата сѐ уште страда од болки во коленото и нема да се опорави навреме до почетокот на Светското првенство, пренесуваат грчките медиуми.

Се очекува во наредните денови грчката федерација официјално да ја соопшти веста.

Така, Грците продолжуваат да се подготвуваат за планетарниот форум без својата најголема ѕвезда.

Грција досега одигра три натпревари, двапати ја победи Словенија, а пред два дена загуби од Србија. Сега им претстојат уште три теста пред почетокот на Мундијалот – против Италија, САД и Германија.

Избраниците на Димитрис Итудис се во иста група со Американците, Нов Зеланд и со Јордан.

Можете да прочитате

Надал успешно стартуваше во Рим

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕП во фудбал во 2027 година

Манчестер Јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот