Утрински Весник
Свет

Злосторство ја потресе БиХ: Ја уби сопругата и уште двајца, во живо најави дека ќе убие уште луѓе

Злосторство ја потресе БиХ: Ја уби сопругата и уште двајца, во живо најави дека ќе убие уште луѓе

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по маж кој си ја убил сопругата, а местото на злосторството, извршено во петокот, е директно достапно на интернет, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Аваз“ објави дека мажот убил три лица.

Полицијата потврди дека во тек е опсежна потрага по маж од Градачац на североистокот на Босна поради сомнение дека извршил убиство, но не го соопштија неговиот идентитет. Влезовите и излезите од градот се затворени.

Порталот „Дневни аваз“ објави дека убиецот е Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес инструктор кој е поврзан со криминална група која се занимава со шверц на дрога.

На видеото кое е директен доказ за извршеното злосторство, може да се види како со пиштол пука во жената. На видеото се гледа и бебето како лежи на плочките.

„Овде можете да видите како изгледа убиство во живо“, рече убиецот за време на емитувањето на снимката.

Тој потврди дека убил уште две лица покрај партнерката. Рече дека убил полицаец, а дека бебето е добро и дека ќе живее без двајцата родители. Најави дека ќе убие уште некој.

Можете да прочитате

Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство 

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор