Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф
Ss2

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф. На средбата се говореше за македонско-германската соработка низ призмата на проектите од доменот на локалната самоуправа, нешто што веќе профункционира како успешен модел во Општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Току затоа, градоначалникот Ѓорѓиевски, уште на почетокот се заблагодари за неодамнешната донација од страна на германската амбасада преку која беа обезбедени креветчиња и душеци за новата градинка “Симба” која Кисела Вода со сопствени средства ја отвора во Усје. В.Д. Амбасадорот Граф се интересираше за планираните проекти во програмата на градоначалникот и заеднички ги утврдија новите можности за соработка.

Ss1

-Со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф, денес имавме конструктивна и пријателска средба, преку која разменивме искуства и ги дефиниравме можностите за нови сфери во кои е можна заедничката соработка. Му се заблагодарив за неодамнешната донација, преку која на дечињата кои ќе бидат згрижени во градинката “Симба” во Усје, им обезбедивме креветчиња и душеци. Убаво е кога се има поддршка, посебно во вакви големи проекти, каде Општината од сопствени средства прави голема инвестиција, отвора инклузивна градинка на место каде што никогаш немало ваков објект. Со ваквите потези праќаме јасна порака дека унапредувањето на условите и со тоа овозможувањето на поддршка на позитивниот развој на најмладата популација е заедничка стратешка определба. Се надевам, а точно тоа и го договоривме на денешната средба со в.д. амбасадорот Граф, дека проектите од ваков и сличен карактер ќе ја имаат поддршката од Сојузна Република Германија и во периодот што ни претстои. Воедно, кога веќе говориме за новата градинка во Усје, сакам да се заблагодарам и на студентите од Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје, кои под менторство на своите професори работеа на визуелно обликување на оваа прва инклузивна градинка на територија на Град Скопје. На овој начин, сите заедно дадовме свој придонес во обликувањето на инклузивната иднина на младите, што е најголемиот императив и мотив за сите нас. Паралелно, како локална самоуправа, ја поддржавме потребата од креативно изразување и ликовно уметничко реализирање на проекти и активности на младите, со посебен акцент на нивно проактивно вклучување во придонесот за подигнување на свеста за социјалните придобивки и социјалната култура и образование-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ss1

Можете да прочитате

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените но ќе растат условите и за временски непогоди

Има ли шанси за пресврт на претседателските избори? Борис Трајковски успеа да анулира предност од 120.000 разлика на изборите во 1999 година

Расчистено разбојништво во тетовско, приведени две лица