Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со Македонци од Албанија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со Македонци од Албанија

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес отвари средба со Претседателот на македонско друштво “Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се отворија повеќе теми, пред се за делувањето на ова здружение коe повеќе од една декада работи на унапредување на правата и можностите на Македонците во Албанија, но и за перспективите за заедничка соработка со Општина Кисела Вода.

Беа договорени повеќе активности за промоција на културните вредности, можности за едукација и работни посети. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна својата подготвеност да помогне во подобрувањето на малцинските права на Македонците во Република Албанија и истакна дека силно верува дека соработката со македонско друштво “Илинден” од Тирана е успешен чекор кон оваа голема цел.

Можете да прочитате

ТХП прослави 27 години постоење

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми

СДСМ: Алта банка падна, Обвинителство веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески